Американското предградие Оксон Хил, кое брои вкупно 18.000 жители, стациониран во Мериленд, ќе биде во центарот на боксерската јавност на 25-ти мај (сабота), кога ракавиците ќе ги вкрстат Грегори Корбин и Филип Хрговиќ.

Многумина Корбин го нарекуваат „ветеран“, бидејќи има 38 години, но всушност тој својата професионална кариера ја започна во 2012 година, а причината за тоа е „дебела“.

Корбин таа година го напуштил затворот, во кој минал седум години поради поврзаност со мексиканскиот наркокартел. Пред точно 14 години, ја освои престижната американска награда „Златна ракавица на САД“ и стана првиот боксер од Тексас по славниот Џорџ Форман на кого му тргало тоа од рака. Му предвидуваа одлична кариера, а тоа можеше да се случи на крајот од 2005 година доколку не беше уапсен во Далас и осуден за трговија со дрога. Казната од седум години сугерира дека тоа не е само обичен курир во злогласниот мексикански наркокартел.

Дека неговиот „валкан“ начин на живот не е случаен најдобро говори фактот дека е познат во рингот и по непрофесионализмот. На речиси секоја борба, Корбин мора да има по некој валкан потег – намерно ги удира неговите ривали во главата по завршување на рундата, а честопати неговиот удар оди под појасот, удира со глава…