Неверојатните фотографии кои ги снимил Италијанецот Алфредо Ло Буто од Агрополи, Италија додека бил за викенд во својот роден град, откриваат нешто што изгледа како фигура на Исус Христос што се појавува над градот: ликот на Исус се појавува на небото додека сонцето се пробива низ облаците над Италија.
Алфредо Ло Бруто, од Агрополи ја фотографирал фигурата што се пробива преку сивото небо над морето додека седел дома, пренесе Мејл онлајн.
Обликот креиран од спектакуларното светлосно шоу, на зајдисонце во петокот, изгледа како ликот на познатата статуа на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, Бразил.
Алфредо изјавил: “Бев маѓепсан од глетката. Јас често не ги споделувам фотографиите на социјалните медиуми, но кога ја снимив, веднаш почувствував дека би сакал и другите луѓе да го видат, бидејќи беше толку убава.“