Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски кандидатка за претседателка на Србија

410

Претседателката на српската партија Заветници, Милица Ѓуѓевиќ Стаменковски ќе биде кандидатка на оваа партија за претседателка на Србија, на изборите што се најавени за април годинава, соопштено е денеска на Собранието на оваа партија.

Партијата Заветници донесе одлука за замостоен настап на парламентарните избори.

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски истакна дека , според истражувањатам Заветници се трета најголема политичка сила во Србија. Таа нагласува дека Заветници се подготвотени за кампањата и дека не отстапуваат од своите програмски начела, нагласувајќи дека противниците веќе тргнале во кампања против нив.

„Ниеден напад нека не ве плаши, туку нека ви биде доказ дека секој ден имаме се поголема поддршка и дека претседателскиот кандидат на Заветници ќе влезе во вториот круг и ќе стане претседател на секој граѓанин на Србија“ – порача Ѓурѓевиќ Стаменковски.