Милица Павловиќ во жешко летно фустанче – повеќе соблечена отколку облечена – Пејачката најде начин да се разлади  

1301

Милица Павловиќ во моментов е една од најатрактивните балкански пејачки, а својата сексапилност се труди секогаш да ја истакне. Па и овој пат, кога неодамна имаше еден целовечерен настап во Нови Сад. Милица не можеше да излезе на крај со големата летна жештина, па на сцената дојде „скромно“ облечена. Повеќе соблечена. „Тик-ток“ мрежите горат!

Новинарите сега се натпреваруваат кој повеќе ќе ја критикува пејачката, бидејќи наводно Мица не смеела на вака прост начин  да го „покаже“ своето меѓуножје.            Особено затоа што медиумите ја сметаат за естрадна дама.                                          –

Очигледно дека „насекираната“ Милица се потресе толку многу што „не можела ниту да заспие“. Ете, колку многу ѝ е гајле. Најважно ѝ беше тоа што одлично се забавуваше сè до сабајле со обожавателите. И што секако повеќе од одлично си заработи.

Таа расположена и насмеана на секој свој фан, кој се искачи горе на сцената му подари по еден бакнеж, а оние посреќните добија и ЦД со песните на својата миленичка.  Па така, кај Мица-певачица, како што нагалено ја ословуваат оние огнени обожаватели, сè е под контрола. Дури и кога нејзините машки фанови ќе се наведнат да ѝ го разгледаат ова „скромно“ летно фустанче.    Д.М.