Компанијата „Епл“ привремено ги затвори продавниците, контакт центрите и подружниците во Кина, како претпазливост поради ширењето на коронавирусот.
Тоа може да ја одложи продажбата речиси милион ајфони.
„Веруваме дека ограничениот превоз во поголемите градови во Кина и ограничениот сообраќај во Шангај, Пекинг и останатите градови ја стопира продажбата и дека ова може да се прелее во наредниот квартал“, напишаа аналитичарите на компанијата Wedbush Securities.
Тоа е околу три отсто од годишната продажба на ајфони во Кина, што значи дека влијанието по приходите на компанијата ќе биде занемарливо.