Милер на прес -конференција сакаше да го нокаутира Џошуа

94

Американскиот боксер Џералд  Милер го турна Британецот Ентони Џошуа на официјалната прес-конференција во Њујорк, односно пред самиот почеток на истата во Медисон Сквер Гарден.

Милер и Џошуа ќе ги вкрстат ракавиците во рингот на 1 јуни годинава, а ќе се борат за тутулата светски шампион во бокс во три категории.

Ентони Џошуа е непоразен  на 22 борби, додека Милер е непобеден на 24 меча, има 23 побеи и една нерешена борба.

Џошуа за прв пат во совјата кариера ќе се бори надвор од Велика Британија , а протв Милер ќе го брани шампионскиот појас во ВБО, ВБА и ИБФ  верзиите.