Милатовиќ: Сѐ уште не знам каде ќе бидам инаугуриран

181

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, сѐ уште не одлучил каде ќе се одржи инаугурацијата на 20 мај.

„Сакам по ваква победа да имаме мирна инаугурација. Ќе се консултирам со властите и со Управата на полицијата и ќе донесеме одлука во наредните денови“, изјави денеска Милатовиќ на новинарите.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, вчера изјави дека новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ ќе биде инаугуриран на 20 мај таму каде што тој ќе одлучи: во Подгорица, или Цетиње.

„Ако реши да биде Подгорица – ќе биде, ако реши Цетиње – тогаш ќе биде Цетиње“, рече министерот на седницата на собраниската Комисија за безбедност во врска со написот во медиумите дека не е безбедно за инаугурацијата ќе се одржи во Цетиње, кој е главен град на Црна Гора.