Милатовиќ излезе да гласа без лична карта: „Ја послушав сопругата и го сменив палтото“

192
Фото: screenshot

Кандидатот за претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ излезе на гласачко место, а потоа даде изјава за медиумите. Сепак, иако изјавата била закажана за во 10 часот, медиумите морале да го чекаат Милатовиќ. Имено, тој на гласачкото место дошол без лична карта, па морал да се врати во својот дом за да ја земе личната карта.

-Тоа се случува кога вашата сопруга ќе ви предложи да го промените палтото во последен момент, а јас ја слушам мојата сопруга. Па наместо синото што планирав да го носам, ја избрав ова, а личната карта ми остана во синото. Го искористив моето избирачко право, низ насмевка изјави Милатовиќ, кој добива мала предност во вториот круг од претседателските избори.

Тој изрази желба овој ден да помине во најдобар ред.

-Верувам дека Црна Гора е зрела да го смени претседателот со молив, да менува влади со молив. Сигурен сум во победата. Ќе има пораз на симболите на претходниот режим. Како човек кој се образувал на Запад, верувам дека имам доволно искуство и знаење за да ја внесам Црна Гора во ЕУ. И ние на Балканот треба да разбереме дека економската регионална интеграција е нераскинлив дел од интеграцијата во ЕУ. Се залагам за апсолутно најдобри односи со Србија и сите земји од Западен Балкан. Од позиција на претседател ќе направам се минатото да се стави во минатото“, рече Милатовиќ, порачувајќи дека очекува мирен ден и дека одговорен за создавање инциденти е само актуелниот претседател на Црна Гора.