Актуелниот фудбалски шампион на Италија, калчогигантот Милан, тргнува во офанзива по потписот на македонскиот бисер Елиф Елмас. Според гласините кои пристигнуваат од Апенините, Наполи е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец за сума од 40 милиони евра.
Како што пишува новинарот на римски „ТАГ 24“, Џузепе Витоло, сопственикот на наполитанците – Аурелио Де Лаурентис, за Елмас бара 40 милиони евра и за очекување е дека експресно двата клуба ќе влезат во преговори зашто заинтересираноста на тимот од Милано за Македонецот е конкретна.
- Интересот на Малдини и Масара за Елмас е конкретен, зашто знаат дека може да добијат фудбалер прилагодлив на сите позиции, каде и да го ставите и Наполи сериозно ја разгледува опцијата за да го продаде Македонецот, но… Понудата на Милан не е така далеку од тоа што Аурелио Де Лаурентис го бара, а тоа се – 40 милиони евра за Елмас, пишува Витоло.