Откако за време на летниот преоден рок пристигна на “Сан Сиро” како позајмен играч од редовите на Челзи, Тимуе Бакајоко, моментално има статус на стандарден првотимец во дресот на италијанскиот калчо гигант. И покрај проблемот кој го имаше со адаптацијата, одличниот играч за врска сега е стандарден првотимец со желба да остане во Милано уште многу години.
- Моментално, многу добро му оди на Милан. Немаше некоја пресуден момент. Само сакав да покажам дека сум доволно добар за да играм во толку голем клуб. Милан е од друга планета. Првиот ден бев пречекан од Леонардо и Малдини и веднаш сфатив каде сум. Потоа ја имате уникатната атмосфера на “Сан Сиро”. Милан е легендарен клуб и јас сакам да останам тука што е можно подолго. Сепак, морам да кажам дека јас ги немам сите карти во моите раце. Имам 3-годишен договор со Челзи, изјави Бакајоко.
Италијанскиот калчо гигант планира да го откупи неговиот договор на крајот од актуелната сезона, но официјалната понуда не смее да биде помала од 35 мил. евра.