Микробранова печка летна во Вселената, ќе се печат колачиња!
Микробрановата печка е испратена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да можат астронаутите да изведуваат експерименти со колачиња, јави БиБиСи. Капсулата со специјалната „вселенска микробранова“ и состојките за колачињата беше лансирана вчера од американската сојузна држава Вирџинија. Астронаутите ќе тестираат како високите температури и нултата гравитација влијаат врз формата и конзистенцијата на колачињата. Тоа ќе биде првото печење колачиња во вселената.