Aктуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје, забележа лесен триумф во домашното првенство откако на домашен терен славеше над Академија ФМП со 77:58, на последниот меч од 4. коло во Првата лига.

Најефикасен во победничкиот тим беше Димитар Пандев со 12 поени, еден помалку постигна Андреј Магдевски, додека на спротивната страна, Габриел Коскоски запиша 14 коша.

МЗТ Скопје веќе в петок го чека нов тежок дуел во АБА-лигата, и тоа во „Јане Сандански“, против црногорскиот претставник Морнар, меч што ќе се одигра од 18 часот.