Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје, извојува нова победа во домашниот шампионат, откако вечерва како гостин славеше во вечното дерби против Работнички, втор пат сезонава, со 83:89.

Со оваа победа, четиринаесетта сезонава, тимот од Аеродром се приближи до лидерот на табелата, екипата на Пелистер. Од друга страна Работнички го претрпе единаесеттиот пораз, шести во низа и е далеку од Суперлигата.

Најефикасен во победничкиот состав беше Хуан Дејвис со 21 поен и осум скока, пред Војдан Стојановски со 14 и Немања Милошевиќ со 13 поени. Кај Работнички, Деон Едвин финишира со 33 поени, пред Стефан Балзамовиќ со 16 поени. На табелата МЗТ е втор со скор 14-3 и во следното коло игра со Ангели, додека Работнички е осми (7-10) и се соочува со Академија ФМП.

ФОТО: Петр Стојановски