МЗТ Скопје го освои првиот трофеј во натпреварувачката 2024/2025

38
Фото:П.Стојановски

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го победи Пелистер во Суперкупот на Македонија „Драган Василов-Цевка“.

Екипата на МЗТ Скопје го освои првиот трофеј во натпреварувачката 2024/2025 и тоа во рамките на Супер Купот на Македонија каде беше совладан Пелистер со 78:64.

МЗТ има седум трофеи во Суперкупот, и убедливо е најуспешен во ова натпреварување кое се играше 12 пати. Првиот трофеј за МЗТ во Суперкупот беше во 2003 година, кога тренер им беше актуелниот тренер на Пелистер, Александар Петровиќ.

Фото:П.Стојановски