Само неколку дена по скандалозната изјава на претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грает (81), доаѓа нов шок.
Ноел јавно ја прозва фудбалската легенда Зинедин Зидан дека не размислува да го седне популарниот Зи-Зу на клупата на Франција, а сега неговото име повторно се најде на насловните страници по уште еден скандал.
Имено, најдобрата француска фудбалерка, Соња Суид, го обвини претседателот на Француската фудбалска федерација за сексуално вознемирување. Во интервју за „Л‘Екип“, таа раскажа како поминала средбата со првиот човек на Федерацијата во 2014 година.
- Во септември 2014 година ми се јави. Ми кажа дека сум извонредна, дека сум успеала да направам неверојатни работи и дека сака да ме запознае со Брижит Хенрикс, најважната жена во Федерацијата. Ми предложи да се најдеме во неговиот стан во Париз. Рече дека често се среќава таму, полесно е, имаме приватност, па прифатив. Имав 26 години, бев почетник, а тој беше претседател на ФФФ, тоа мораше да се почитува. Никогаш не ме гледаше како фудбалерка, само како објект. Да бидам искрена, ме гледаше како пар гради и задник. Кога стигнав, видов две чаши шампањ на масата. Ја чекав Брижит Хенрикс, но таа не дојде. Тој рече: „Знаеш, таа не ни треба. Ако сме доволно блиску, можам да ви ги исполнам желбите“. Не ја допрев чашата, се плашев да не ставил нешто во неа, слушнав многу приказни за него. За мене беше голема шлаканица кога видов дека претседателот на Федерацијата ме на гледа како на предмет. Бев многу разочарана. Тој треба да биде пример за сите, изјави Соња Суид.
Откако го одбила неговиот предлог, Суид го напуштила станот на Ноел Ле Грает, кој продолжил да ја бара.
- Не сака пораки. Тој претпочита да зборува на телефон. Добив многу гласовни пораки од него. „Слободна ли си вечерва? Инсистирам!“, „Соња, го завршив третото шише. Го чекам четвртото“. Многу сум лута затоа што тоа е непочитување. Сакаше да одам кај него откако ќе испие три шишиња. За жена која се обидува да изгради нешто, тоа е болно, заклучи Суид.