Меѓународна конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“

12

Во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ, на 8 и 9 октомври во Скопје, ќе се одржи Меѓународната конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како дел од програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ на Советот на Европа. Свеченото отворање и работниот дел ќе се одржи во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“ на 8 октомври, со почеток во 10 часот.

Конференцијата ќе ја отворат проф. д-р Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература; вонреден професор д-р Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања, д-р Александар Скепаровски, проректор за меѓународна Соработка, Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, г-ѓа Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културно наследство и Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка во нашата земја.

Присутните ќе можат да ја проследат и изложбата „По трагите на Свети Кирил и Методиј“, во организација на Амбасада на Република Словачка во Скопје, Институт за македонска литература и Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.