Германскиот огранок на меѓународната асоцијација на писатели ПЕН Интернационал денеска заедно со уште 140 ограноци повика на итно ослободување на затворените писатели.
По повод Денот на затворените писатели, здружението ги истакна случаите на Але Абдел Фатах од Египет, Џими Лаи од Хонг Конг, Катјарина Андреева од Белорусија и Хозе Рубен Замора Марокин од Гватемала.
ПЕН-центарот го опишува нивното затворање како напад на слободата на говорот и човековите права, пренесува ДПА.
Се наведува дека египетско-британскиот автор Ел-Фатах и понатаму е затворен во нехумани услови и наводно трпи тортура и не добива лекарска нега, иако ја отслужи петгодишната казна.
Лаи, навинар и основач на весникот Епл дејли, веќе четири години е во самица во Хонг Конг, а неговото застапување за демократија би можело да му донесе доживотна казна, предупредува здружението.
Белоруската новинарка и поетеса Андреева е осудена на осум години во казнена колонија, а е прогласена за виновна за предавство бидејќи учествувала во мирен протест.
Гватемалецот Марокин, основач на истражувачкиот весник „Периодико“, е затворен поради написи за корупција, а по речиси две години зад решетки, од средината на октомври е префлен во куќен притвор.
Потпретседалот на германскиот ПЕН-центар Најем Вали изјави дека заложбата за затворените писатели укажува дека тие нема да може да бидат замолчени.
Денот на писателите зад решетки, 15 ноември, е востановен во 1960 година од страна на Комитетот на затворнеи писатели на интернационалниот ПЕН-центар.