Ракометарите на Киелце потешко од очекуваното славеа против Мешков Брест со 30:24 во дуелот од десеттото коло на Лигата на шампионите. Екипата од Белорусија мотивирана од високата победа против Вардар, одлично му парираше на фаворитот во текот на целиот натпревар. Сепак, Андреас Волф блесна и со речиси 50% одбранети удари го реши прашањето за победникот.
Волф го заврши натпреварот со 16 интервенции, а најпрецизен беше Блаж Јанц со седум голови од исто толку удари. Кај Мешков повторно најдобар беше Вилијам Акамбре со шест голови.
Во рамките на групата Д, Чеховски Медведи го совлада швајцарскиот првак Кадети Шафхаузен со 29:27.