Метал опасен по здравјето пронајден во пиперки со потекло од Босна и Херцеговина

40

Во црвените пиперки, со потекло од Босна и Херцеговина, кои требало да се увезат во Хрватска, откриен е металот кадмиум, кој може да биде штетен по здравјето“, известува Европскиот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF).

Пратката од БиХ пристигнала на хрватската граница на 17 октомври. Врз основа на извршените контроли, РАСФФ на 29 октомври бил информиран за откриените 0,026 милиграми кадмиум на килограм, што претставува сериозен ризик по здравјето.

Кадмиумот е поврзан со оштетување на бубрезите и ослабени коски, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Истражувањата покажуваат дека не постои специфична граница под која би можеле со сигурност да се отфрлат неговите штетни ефекти.