Металург го претстави Чориќ

83

Екипата на Металург денеска го промовираше своето ново засилување Тео Чориќ. Договорот со Чориќ е потпишан со важност од 1,5 година.

Хрватот, кој во својата кариера настапувал за Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, последните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, член на втората Бундес лига.

– Задоволен сум од својот трансфер во Металург, бидејќи се работи за екипа со големо меѓународно реноме и традиција. Се надевам дека со моето искуство ќе му помогнам на Металург во борбата за една од првите две позиции во националното првенство, позиции кои обезбедуваат настап во СЕХА-лигата и во една од посилните европски лиги, изјави Чориќ, кој ќе го има своето деби против Тинекс Пролет.