Месото сè понедостапно за Германците, јадат тестенини со кечап: „Супермаркетите станаа упориште на грабеж“

184
Фото: pexels.com

Сè повеќе Германци немале доволно пари за дневни оброци кои се состојат од месо, пред се – живина, риба или некои вегетаријански алтернативи за него, во текот на 2022 година, покажуваат најновите податоци што ги следи статистичкиот завод Еуростат.

Новите бројки, објавени во понеделникот од германската корпоративна редакција Redaktionsnetzwerk Deutschland, покажаа пораст од 0,9% до 11,4% во споредба со претходната година, што значи дека речиси 10 милиони луѓе во најнаселената земја во ЕУ често немаат соодветни оброци.

Таа шокантна бројка, пишува RT, се искачува на 19,3%, кога се во прашање самохраните родители, што претставува раст од 2,6% во однос на претходната година.

Оваа статистика, инаку, ја побара опозициската партија Die Linke. Коментирајќи ги овие бројки, лидерот Дитмар Барч повика на привремена суспензија на данокот на промет на основните прехранбени производи и државата да ги контролира цените во супермаркетите.

– Супермаркетот стана упориште на грабеж – вели Барч и додава: „Колку се повисоки цените, толку повеќе луѓето прибегнуваат кон јадење тестенини со кечап“.