Научниците открија дека Месечината се оддалечува од Земјата и го менува сето она што мислевме дека знаеме за односот на сината планета со нејзиниот единствен природен сателит.

Исто така, има многу реален ефект врз должината на нашите денови на Земјата – иако со неверојатно бавно темпо. Имено, оддалечувајќи се од Земјата во текот на милиони години, Месечината истовремено ја продолжува должината на просечниот ден.

Студијата на тимот на Универзитетот во Висконсин-Медисон се фокусираше на карпи од формација стара околу 90 милиони години. Така, тие беа во можност да ги анализираат интеракциите на Земјата со Месечината од пред 1,4 милијарди години. Излегува дека Месечината се оддалечува од Земјата со брзина од 3,82 сантиметри годишно.

Тоа значи дека, на крајот, последицата ќе биде дека еден ден на Земјата за 200 милиони години ќе трае 25 часа, пишува Indy100.com.

– Додека Месечината се повлекува, Земјата е како лизгач кој се врти и забавува додека ги пружа рацете – изјави Стивен Мејерс, професор по геонауки на Универзитетот во Висконсин-Медисон.

Тој рече дека една од амбициите на тимот е да ја искористи астрохронологијата за да развие многу антички геолошки временски скали.