Американската лабораторија „Мерк“ денеска објави дека е постигнат договор што ќе овозможи дистрибуција на големо на генеричка верзија на нивниот антиковид лек за лица заразени со вирусот.
Компанијата „Медисин патент пул“ (Medicine Patent Pool) објави дека потпишале договор за дозволи со „Мерк“ за да го олесни светскиот пристап до лекот мoнулпиравир.
Мoнулпиравир е експериментален орален антивирусен лек против ковид-19 што го развива „Мерк“.
Договорот помеѓу „Мерк“ и МПП ќе придонесе за поголем пристап до Молнупиравир во 105 земји со ниски или средни приходи.
Антиковид лекот прво мора да добие одобрение од регулаторните тела. Во САД и Европска Унија веќе почнаа со евалуација на лекот.