Меркур, планетата на логичното расудување, формира аспект со Уран во Бик, предизвикувајќи расипување на плановите, бунт, но и брзање во донесувањето одлуки.
На вашиот ум му треба многу стимулација, што понекогаш може да доведе до проблеми како конфликт, или анксиозност. Со тоа што ќе се задржите ментално окупирани со продуктивна работа, ќе ги намалите шансите да влезете во расправии, или да бидете вовлечени во контроверзии. Тоа мора да биде предизвикувачка работа, но со доволно слобода за да ја задоволите вашата истражувачка природа.
Вашиот оригинален стил на размислување може да доведе до откритија, или нови начини на работа. Пренесувањето на вашата порака може да бара одредена префинетост. Јавното говорење може да биде една пречка што треба да се надмине поради зголемената нервоза. Онлајн комуникацијата ќе ви помогне да ја изградите вашата самодоверба.
Неочекувани промени
Меркур спротивставен на Уран може да ги направи луѓето безлични, груби и бунтовни. Можеби ќе се расправате, ќе ги изразувате своите идеји, но мора да научите повеќе да ги слушате другите и да не го заземате инстинктивно спротивното мислење. Можете да добиете поддршка за вашите идеи, но мора да прифатите дека ќе имате и критичари. Можеби ќе ве привлечат алтернативни гледишта или теории на заговор.
Баш поради тоа што се сметате за чудни или ексцентрични, ќе претпочитате друштво со еднакво необични личности. Дружењето со луѓе од различни потекла и култури би ја задоволило вашата потреба за зголемена возбуда и стимулација. На вашите патувања често ќе наидувате на луѓе кои нудат возбудливи информации.
Можеби ќе треба да се соочите со некои неочекувани промени кога правите долгорочни планови, или патувате.
Брзо темпо на живот
Меркур спротивставен на Уран го забрзува вашиот ден и вашиот ум. Бурното темпо може да направи да се чувствувате напнати и расеани. Исто така, постои можност други неочекувани настани да ви ја зголемат нервозата. Работите што ги занемаривте и оние со кои избрзавте, сега може да се вратат и да ве јадосуваат.
Расипување на плановите
Ова не е добро време да правите планови, да договарате деловни зделки, или да извршувате какви било ментални задачи кои бараат трпение и самодисциплина. Нискиот распон на концентрација и склоноста кон одвраќање би ве довела само до компликации во тие области. Ова е подобро време да го ослободите вашиот ум од одговорност. Може да доживеете блесоци на увид или да запознаете нови возбудливи луѓе кои го предизвикуваат вашето размислување.
Меркур и Уран ќе бидат најтешки за Близнаците, Девицата, Стрелецот, Рибите и Биковите.
Кога се дружите, од витално значење е да внимавате да слушате. Исто така, бидете свесни за тенденцијата да зборувате пред да размислите.
Меркур спротивставен на Уран може да ве натера инстинктивно да ја заземете другата страна и на крајот да се искарате поради тоа. Помалку сериозните теми сега можат да бидат забавни, а вие би можеле да бидете предмет на практични шеги, или да уживате во правење трикови.
Неопходно е да имате отворен ум бидејќи е сигурно дека плановите ќе мора да се променат, или вашите патувања да се прекинат. Ако одите на патување, повторно проверете ја вашата резервација, или однапред однесете го автомобилот на сервис. Може да имате и дефект на компјутерот, или други проблеми со електрониката, пишува astrousluge.com