Германската канцеларка Ангела Меркел вчера и формално беше разрешена од должноста, согласно законот, но ќе остане на чело на владата во техничкиот мандат до изборот на новата влада.
По конститутивната седница на Бундестагот, на која присуствуваа и канцеларката и членовите на владата, германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер во палатата Белви и го предаде указот за разрешување од функцијата.
Според членот 69 од германскиот Устав, мандатот на сојузниот канцелар или министер завршува со конституирање на новиот Бундестаг.
Меѓутоа, бидејќи Бундестагот сè уште не избрал нова влада, Штајнмаер побара од Ангела Меркел да ги извршува своите должности до именувањето на нејзиниот наследник.
Владата останува на функција, но како техничка.
Откако го доби документот за разрешување од функцијата Меркел веднаш тргна да се врати во својот кабинет, но Штајнмаер ја повика назад за заедничко фотографирање, пренесува ntv.de.
Претседателот ѝ се заблагодари на Меркел за 16-те години поминати на чело на владата, во кои, како што додаде, придонесе Германија да добие почит во Европа и светот.