Менаџерското столче за Мурињо

130

Поголемиот дел од британските медиуми ја објавија и информацијата дека контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, добил официјална понуда да биде именуван за менаџер на актуелниот шампион на Шкотска, тимот на Селтик.

Трофејниот стручњак постојано повторува дека на неговата адреса постојано пристигнуваат официјални понуди, но сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата богата кариера. Иако станува збор за култен клуб, тешко е за верување дека Мурињо може да се замисли како менаџер на Селтик.