Мемоарите на Меркел за две недели продадени во 600.000 примероци, а не откриваат ништо ново

24

За само една недела по објавувањето, мемоарите на неодамна највлијателната жена во светот, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, беа продадени во 200.000 примероци. Една недела подоцна продажбата на книгата со наслов „Слобода“ и поднаслов „Сеќавања 1954-2021“ се искачи на 600 илјади, а побарувачката уште расте и покрај цената од 42 евра за примерок.

-Ниту една друга книга оваа година немала толку брилијантен почеток на продажба, изјавија од компанијата што за „Шпигел“ ја составува листата на најпродавани книги.

Книгата излезе во најчувствителниот момент за Германија – кога се распадна владејачката коалиција и економската криза зема замав, а стана вистинска сензација по новинарските шпекулации околу тоа дали на авторката ѝ е исплатен аванс од 12 милиони евра. А за да биде парадоксот уште поголем, како што пишува РТС, 720. страници од мемоарите на Ангела Меркел во суштина не содржат никаква сензација, никакви политички пикантерии или какви било важни инсајдерски откритија за тоа како германската канцеларка донела некои од нејзините клучни политички одлуки. Добар дел од политичките новинари би ја опишале содржината и стилот на пишување како досадна, додека професорите по политички науки би ја оцениле како државнички пристап.

Мора да се признае, историчарите веројатно ќе бидат мошне разочарани, бидејќи за некои теми, како што е начинот на кој се носат одлуките во сферата на надворешната политика, многу поинформативна е книгата на новинарот и уредник на „Зидојче цајтунг“, Штефен Корнелиус, објавена во 2013 година под наслов „Ангела Меркел: Канцеларката и нејзиниот свет“, пишува РТС. Дури и за настанот што, како што тврди таа, ја скршил да ги напише овие мемоари – одлуката да се отворат границите на Германија за бегалците од Блискиот Исток заглавени на железничката станица во Будимпешта на 4 септември 2015 година – многу повеќе инсајдерски детали може да се прочитаат во книгата. „Водени од настаните: Меркел и бегалската политика – извештај од центарот на моќта“, од новинарот и уредник на „Велт“, Робин Александар.

Она што навистина е ново во книгата е описот на првите 35 години од нејзиниот живот како Источногерманка и товарот што тоа и го создавало. Нејзините избалансирани описи на секојдневниот живот во ДДР се поучни за разбирање на животот зад Железната завеса. Голем број странци од својата книга посветува на својот придонес за порамноправен однос на мажите и жените во Германија, па вели дека себеси се смета за феминистка, но на поинаков начин, нешто што во првите три канцелариски мандати го негираше. Таа не штеди на критики за Трамп и Путин, објаснува колку и биле важни односите со САД и Кина од економски аспект, а пишува и како во односите со Си Џипинг и помогнало „марксистичко-ленинистичко знаење“.

-Стекнав впечаток дека Трампп е опседнат со политичари со автократски и диктаторски особини, пишува таа, оценувајќи дека Трамп и Путин се слични „бидејќи и двајцата се детинести во своите поплаки“, а и двајцата, како што тврди се обиделе да ја посрамотат пред новинарите  – Путин со наводниот обид да ја заплаши со својот лабрадор Кони, а Трамп со одбивање да се ракува со неа во Овалната канцеларија пред фоторепортерите.

 

ИЗДВОЕНИ