Мелони ги зајакнува економските врски меѓу Италија и Кина

123

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, е во петдневна посета на Кина со цел заживување на економската соработка меѓу двете земји.

Мелони потпиша тригодишен план со кинескиот премиер Ли Чанг за заживување на економската соработка со Кина.

За време на посетата, Мелониева треба да има средба и со претседателот Си Џинпинг, пренесува Бизнис.рс.

Како што изјави таа при потпишувањето, акцискиот план ќе биде насочен кон постигнување нови форми на соработка меѓу двете земји. Мелони вели дека со оваа посета изразува „волја да започне нова фаза“ и да ја рестартира соработката меѓу Пекинг и Рим, пишува Seebiz.

Мелони, која учествуваше и на италијанско-кинескиот бизнис форум во Пекинг, истакна дека нејзината влада се обидува да воспостави пофер трговски односи со Кина. Таа се залагаше за поголема рамнотежа во трговската размена меѓу двете земји, пренесува италијанската новинска агенција Анса, која го наведува и фактот дека трговскиот дефицит на Италија со Кина минатата година пораснал на повеќе од 40 милијарди евра.

Кинескиот лидер Си Џинпинг на отворањето на форумот рече дека Кина и Италија мора да ја зголемат трговската и инвестициската соработка.

За време на посетата на Мелони се очекува да бидат потпишани повеќе билатерални договори од областа на трговијата и индустријата. Кина е најголемиот трговски партнер на Италија надвор од ЕУ.