Мелиса не може да купи училишен прибор поради 800-те тетоважи

93

Мелиса Слоун гордо ја носи титулата најтетовирана мајка во Британија, со повеќе од 800 слики кои го красат нејзиното тело. Но, сега мајката на осум деца е буквално со скршено срце. Таа не може да купува училишен прибори со своите деца, бидејќи луѓето постојано покажуваат со прст кон неа и даваат гласни коментари за нејзиниот изглед. Најлоши, вели таа, се странците кои постојано ја вознемируваат поради нејзиниот изглед, додека малите деца често плачат од страв кога ќе го видат нејзиното истетовирано лице. Мелиса сега очајува што не може да им помогне на своите деца да ги изберат училишните униформи, но не жали за ниту една од нејзините тетоважи.