Мекларен ќе замеша прсти во борбата за титулата

59

Челниците на Формула 1 тимот на Мекларен предвидуваат моќен болид за претстојната сезона и константни подобрувања под новата менаџерска структура во компанијата. Тимот од Вокинг е вториот најуспешен тим во Формула 1, но нема победа од 2012 година, а подиум од 2014 година. По промената од Хонда на Рено во пресрет на 2018 година, се очекуваше да се приклучат кон врвот на поредокот, но перформансите од болидот беа расочарувачки.

Минатото лето од тимот си замина директорот Ерик Булие, а со себе повлече уште неколку механичари од Мекларен. Но, набргу потоа тимот дојде до потпишувања на договори со нови членови во врвниот менаџмет, а шефот на Порше, Андреас Сеидл беше последен во низата кој дојде во Вокинг изминава неделава.

  • Предвидуваме добар болид. Периодот за развој мина согласно очекувањата, но не знаеме што прави конкуренцијата и колку ќе бидеме моќни во однос на нив. Болидот ќе биде многу поразличен од ланскиот и поради тоа ни треба добар фидбек од Карлос Саинц и Ландо Норис. Сакаме нашите возачи да се фокусираат максимално, но исто така и добро да се согласуваат меѓу себе за да може целосно да напредуваме како тим.