УФЦ борецот Конор Мекгрегор е надвор од октагонот повеќе од две години. По поразот од Дастин Поарје и тешката скршеница на ногата, Ирецот постојано зборува за голем камбек, но неговите зборови се далеку од реални и иако сè уште е најголемата УФЦ ѕвезда, Конор е материјал за потсмев надвор од кафезот. Знае да испрати по некоја „отровна стрела“ кон своите противници, а сега за Конор проговори и познатиот борец Мет Браун.
- Конор постојано сака да биде во центарот на вниманието и неговото име да биде во прв план. Тој кажува работи за кои знае дека нема да се случат. Можете да зборувате многу во овој спорт, но мора да имате факти зад себе. Влези и бори се, порача Браун, па продолжи:
- Конор се прослави зборувајќи срања, но барем беше во октагонот. Сега седи на јахта, шмрка кокаин и пие виски. Веќе никому не му е грижа што прави. Сите сакаме да го видиме како се бори, а тој е единствениот што не го прави тоа. Влези во кафезот и истреси ги еб*ните шаки бидејќи на луѓето им е здодевно да се занимаваат со твоите изјави, вели Мет Браун.
Мекгрегор е прилично неактивен, па од август 2016 година има одработено само пет борби, од кои три загуби, па има биланс од 21 победа и шест порази.
Изминативе денови тој го прозиваше новиот шампион во БМФ, Џастин Гејчи. Тој рече дека ќе му треба само еден удар, а Гејчи накратко објасни дека не сака да се бори со лик кој е на стероиди.
Мекгрегор сè уште не влезе во програмата за тестирање на УСАДА. Тоа значи дека тој не може да влезе во октагонот уште најмалку шест месеци и неговото враќање во октагонот е прилично неизвесно.