Мекгрегор заработи многу пари и излезе надвор од контрола

69

По три месеци од големата победа на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов над Конор Мекгрегор за појасот во лесна категорија и понатаму се зборува за таа борба, чиј реванш би требало да се случи, а потврда за тоа имаме и од првиот човек на оваа организација Дан Вајт. Меѓутоа, овој пат се огласи и  Американецот Ал Јакинта, кој претходно исто така загуби од Дагестанецот. Тој во април 2018 година ја прифати борбата во последен миг, па наместо против Паул Фелдер во три рунди, реши да се испроба против Нурмагомедов и загуби во петтата рунда.

  • Јас прифатив борба во пет рунди, а тренирав само за три рунди и издржав до крај, изјави Јакинта за ММА организацискиот програм, а потоа го прозва Ирецот Конор Мекгрегор.
  • Кој е неговиот изговор? Изгледаше многу истоштен по три рунди, отколку јас по пет, иако воопшто не тренирав за толку рунди. Бев негов голем обожавател, но мислам дека сега е надвор од контрола. Мислам дека ќе остане верен на боречките вештини, но не испадна така. На почетокот изгледаше како да се држи на боречкиот кодекс, правеше добри работи во октагонот, ги почитуваше противниците и имаше чувство на заедништво. Целта му беше да биде најдобар, но сега кога заработи пари, се чини дека е надвор од контрола, истакна Јакинта.

Ал Јакинта, чие презиме потсетува на поранешниот италијански голгетер и светски шампион со Италија, Винченцо Јакинта, минатиот месец со едногласна одлука го победи Кевин Лиј и сега е во ТОП 5 најдобри УФЦ борачи во лесна категорија.