Неверојатни вести ни пристигнуваат од Англија каде најверојатно е постигнат нов рекорд кога е во прашање лекарската помош за повредениот фудбалер.
Стандардниот првотимец во дресот на Нортен Картер, Лоркан Мекгилон, доживеа незгодна повредна на коленото за време на вечерниот тренинг.
- Сакав да ја примам топката на моите гради. Само слушнав некаков чуден звук и видов дека коленто е излезено, изјави Мекгилон, но тоа што се случи после немилиот настан сигурно ќе биде дел од фудбалската историја.
Бидејќи станува збор за аматерски клуб од Манчестер, кој нема споствен лекарски тим, а тимските колеги и стручниот штаб не знаеа како да му помогнат на повредениот фудбалер, истите веднаш повикаа брза помош, која за жал не си ги оправда своето име.
Иако веќе поминаа неколку часа, од брзата помош немаше ниту трага ниту глас. Поради големите болки фудбалерот беше принуден да легне на зелениот терен, а поради падот на температурата, тимските колгеи ги соблекоа своите јакни и го покрија повредениот фудбалер.
Неколку минути подоцна, останатите фудбалери обезбедија шише виски и пилешки крилца, се со цел, колку толку да му помогнат на Мекгилон.
Клупските челници упорно звонеа во брзата помош, но никако не можеа да добијат сигнал. Веќе во следниот момент почна да паѓа и дожд, а тимските колеги се обидоа со своите чадори да го заштитат Мекгилон.
- Мислев дека брзата помош треба да дојде најдоцна за 30 минути, но направив голема грешка, изјави Лоркан кој лежеше на мократа треба повеќе од шест часа додека дојде брзата помош, а во болницата пристигна околу 4:30 часот наутро.
- Успеаа да ме дигнат и да ме стават во возилото. Во болницата имав добар третман. Шест луѓе ме држеа додека ми во враќаа коленото таму каде што треба да биде, на своето место. Беше страшно, изјави Мекгилон.