Медицинска опрема за Домот за стари лица и Здравствениот дом во Берово

68

Асоцијација „Алзас“ – Македонија (АЛМА) од Република Франција, благодарение на големиот хуманист Жак Шлеф, натовари камион со медицинска опрема, која ќе биде донирана за потребите на Домот за стари лица во Берово, Здравствен дом- Берово и за институции од Велес.

Донацијата се состои од ренген машина за снимање на заби, различни помагала, колички, душези и друг вид медицинска опрема.

Камионот е тргнат од Франција, а се очекува до крајот на неделата, или најдоцна почетокот на наредната, донираната роба да пристигне во Берово.

Голема благодарност за донацијата, упати градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој истакна дека, оваа донација ќе значи многу за Берово, ќе се унапредат општинските услуги, а корисниците на услугите во Домот за стари лица, во Берово, ќе добијат уште подобар третман.