Последниот Грен-слем сезонава – САД Опен донесе ново големо изненадување во сингл кај мажите, бидејќи бранителот на трофејот и најдобриот тенисер, Данил Медведев, доживеа пораз од Ник Кирјос. Но, ниту овој натпревар не можеше да помине без драматични моменти кои се однесуваа на работите околу теренот.

Медведев на почетокот на вториот сет му се закани дека ќе го напушти теренот поради однесувањето на еден од членовите во ложата на австралискиот тенисер.

Кирјос ја совлада Русинот со 3-1 во сетови и сега има четири победи и еден пораз во меѓусебниот скор, а со тоа потврди дека е вистински кошмар за Медведев. Затоа, Медведев ќе остане од следниот понеделник без првото место на АТП-листата. Тој за првпат по 2018 година загуби на САД Опен пред полуфиналната фаза. Пред четири години тој беше елиминиран во третото коло. По поразот од Кирјос, Русинот не ги одбрани бодовите добиени по минатогодишната титула и сигурно ќе ја загуби првата позиција на АТП ранг-листата по завршувањето на Грен-слемот во Њујорк. На првото место ќе остане 16 недели бил на врвот на АТП ранкингот. На 12 септември број 1 ќе стане Рафаел Надал, Карлос Алкараз или Каспер Руд.

Но, многу поинтересно е тоа што се случуваше на натпреварот во Њујорк.

Медведев го загуби првиот сет по голема драма во тај-брејк со 13:11. Австралиецот тогаш побара пауза за тоалет од пет минути, а за тоа време, Медведев вербално го нападна судијата за претходни настани.

  • Тие не можат да го прават тоа. Ако го направат тоа повторно, нема да играм додека некој не излезе. Не смеат тоа да го прават на мој сервис. Тие се во боксот на професионален тенисер. Уште еднаш ако го направат тоа на мој сервис, нема повеќе да играм, викаше Медведев, но не беше јасно на што точно се однесуваше. Се претпоставува дека на Русинот му сметало дофрлањето и бучавата од таборот на Кирјос во моментите кога сервирал. Исто така е можно дека од боксот му давале совети на Кирјос, но сепак останува непознато што точно се случило.

Инаку, во боксот на Кирјос на овој натпревар беа неговиот татко, пријатели кои патуваа со него, австралиски тенисер и пријател на Никон, Танаси Кокинакис, но и девојката на Кирјос, Костин Хаци, за која многумина пишуваат во последно време.