Ривалот од Премиер лигата, тимот на Тотенхем, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на централниот дефанзивец од редовите на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Репрезентативецот на Англија сигурно ќе ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок, а од неговата продажба челниците на „црвените ѓаволи“ очекуваат заработка не помала од 35 мил. евра.