Централниот дефанзивец на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Иако веќе со месеци нема статус на стандарден првотимец и редовно ја грее клупата за резервни фудбалери, репрезентативецот на Англија откри дека не планира да си замине од „Олд Трафорд“ за време на зимскиот преоден рок.