Хари Мегваер, кој постојано е на удар на јавноста поради лошите игри во дресот на Манчестер Јунајтед, даде интересен одговор на прашањето кој е најтешкиот ривал со кој се соочил.
Централниот дефанзивец играше против многу од најдобрите играчи на денешницата, но најмногу благодарение на тоа што игра во Премиершип, најсилната лига во светот.
Од неговите денови во Лестер па се до денес, Мегваер се соочи со големи играчи како Еден Азар, Хари Кејн, Кевин де Бруин и Серхио Агуеро – но едно име стои над сите нив.
Репрезентативецот на Англија откри дека напаѓачот на Ал-Хилал, Неимар Јуниор бил најтешкиот противник со кој се соочил.
Мегваер се соочи со Неимар за прв пат во Лигата на шампиони кога Манчестер Јунајтед играше против ПСЖ во декември 2020 година.
Бразилскиот напаѓач на крајот постигна два гола, а „црвените ѓаволи“ беа поразени со 3:1.
-Мојот најтежок противник е Неимар. Играв против него против ПСЖ и против Бразил на Вембли. Тој е тежок противник; тешко е да се чува, изјави Мегавер.
Неимар моментално се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти поради која ја заврши сезоната, а интересно е што Ал Хилал го симна од списокот на пријавени играчи.
Во истото интервју Мегваер го издвои Кристијано Роналдо како најдобар играч со кој ја делел соблекувалната.
„Имав среќа да играм со многу големи играчи, но ќе го издвојам Кристијано Роналдо. Тој очигледно е фудбалска легенда и веројатно најдобриот што некогаш играл“, изјави Мегваер.
Роналдо и Мегваер не играа долго заедно бидејќи Португалецот многу брзо го заврши вториот мандат и замина во Ал-Наср.