Две момчиња од Косово загинаа во Венеција: Со БМВ паднале во река – со нив имало и девојка/ФОТО

173

Три лица загинаа кога БМВ-то што го возеле удрило во заштитна ограда во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција, и паднало во реката Реген, јави денеска АНСА.

Жртвите се двајца Албанци по потекло од Косово и Метохија Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, кој исто така починал.

Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.

Спасувачите ги пронашле младите во автомобилот
Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, тие биле пронајдени во автомобилот.

Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.