МВР: Утврден идентитетот на загинатите во несреќата кај Карпалак

52

Утврден е идентитетот на 14. загинати лица во несреќата, што се случи вчера околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, скопско, кога автобус сопственост на „Дурмо турс“со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(49) од Гостивар излета од патот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, утврден е идентитетот на починатите лица: Ј.Т. (25) од Гостивар, О.С. (19) од Гостивар, Б.А. (21) од с. Зубовце, Врапчиште, З.Д.(38) , А.И. (25) од Гостивар, Б.Ф. (38) од с. Сенокос, Врапчиште, Б.У. (20) од с. Долна Бањица, В.Х. (29) од с. Дебреште, Гостивар, А.Р.(33) од с.Дебреште,Гостивар, Д.Р.(38) од Гостивар, П.К.(23)од Гостивар, А.А.(55) од с.Железна Река,Гостивар, Е.Е.(65) од Гостивар и Т. Ј. (62) од Гостивар.

Во несреќата беа повредени 37 лица, од кои 29 се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, шест се во Клиничкиот центар, а двајца пациенти се во Тетовската болница.