МВР: Пратеници добиле имејл-порака со заканувачка содржина, се преземаат мерки за расчистување на случајот

114

Неколкумина пратеници во Собранието на службените имејл-адреси на 23 јули добиле порака со заканувачка содржина, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Како што пишува во попладневниот билтен на МВР, случајот го пријавил „претставник на една политичка партија”.

– На 25.7.2024 година во 13:58 часот во полициската станица „Центар“, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.7.2024 година во 18:15 часот, од непозната електронска адреса, на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ, била испратена порака со заканувачка содржина – се наведува во билтенот на МВР.

Од МВР додаваат дека за настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, како и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.