МВР: Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај Тажево и  „Јасен“

34
Фото:принтскрин/МВР видео

Полициските хеликоптери денеска исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“, информираат од МВР.

Денеска (26.07.2024) Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.

Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода, со што се локализирани реактивираните краци на пожарот и спречено е проширување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.