МВР им должи објаснување на граѓаните за терористичкиот акт

127

 

Во најкус временски период МВР треба да излезе со повеќе детали околу овој случај. Во овие моменти нејважно е да има соработка меѓу граѓаните и безбедносните структури и внимателно да се постапува-вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров за информацијата од МВР, дека спречила терористички акт и соопштението со слична содржина од амабасадата на САД во земјава.

Викендов и покрај најавите од американската амбасада дека во земјава се можни терористички напади од група припадници на ИСИС, помина мирно. Веста за можни напади граѓаните ја примија со резерва. Додека едни изјавуваа дека се плашат од можните закани, дуги пак најавата ја пртолкуваа како однапред испланирано сценарио меѓу МВР која сопшти дека спречила терристички акти и амбасадата на САД во земјава која исто така преку соопштение предупреди за можна терористичка закана.

-Сите знаеме дека во земјава има келии, финанисери и логистика на борците кои се испраќаат да војуваат рамо до рамо со борците на ИД.
Добро е тоа што МВР излезе со соопштение со кое што ги предупреди граѓаните за терристичките закани. Но во овој случај тоа беше као да имате текст, а во него да немате содржина. Во него МВР не соошти детали,а најверојатно тоа го направило поради интерес на понатамошмошната истрага- вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров.

Тој се надева дека во кус временски период МВР ке излезе со повеќе детали околу овој случај и потенцира дека во вакви моменти нејважно е да има соработка меѓу граѓаните и безбедносните структури и внимателно да се постапува во овие чувствителни моменти.

МВР во петокот соопшти дека по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спровело оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. На неколку локации на територијата на државата биле извршени претреси при што биле одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад, без притоа да сопшти ниту еден детаљ кој се е мета на терристичката закана.

Веднаш по ова следуваше и соопштение од Амбасадата на САД со кое предупредуваат дека терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никака најава и апелираат граѓаните на САД да одржуваат високо ниво на претпазливост.
” Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации, празнични настани, славенички собири итн.), се наведува во предупредувањето од Американската амбасада.