МВР влезе во Академија – се одземаат компјутерски податоци, телефони и досиеја на судии и обвинители

337

Министерството за внатрешни работи попладнево влезе во Академијата за судии и јавни обвинители.

Според официјалната кратка информација од МВР за Фокус, се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.

-МВР – Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители.
Дејствијата се во тек, велат од МВР.