Кошаркарот на ЦСКА (М), Вил Клајбурн, сосема заслужено го доби признанието за најкорисен играч на завршниот турнир во кошаркарската Евролига кој се одржа во Виторија.

Тој со рускиот гигант ја освои титулата во елитното натпреварување, откако во финалето беа подобри од Анадолу Ефес, меч во кој Клајбурн постигна 20 поени.

  • Благодарен сум што сум овде, тренерот ми верува и тоа ми е многу важно. Заеднички одигравме, се одржавме заедно во сите 40 минути. Цела сезона имавме подеми и падови, но верувавме и затоа дојдовме до успехот, изјави Клајбурн.