Спортскиот директор на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Леонардо, се обиде уште еднаш да стави крај на сите дилеми кога е во прашање клупската иднина на Килијан Мбапе.
Раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М) веќе јавно признаваат дека се сериозно заинтересирани за услугите на Мбапе, но Леонарди по натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ изјави дека младиот напаѓач нема да биде продаден за време на летниот преоден рок без разлика колку е богата понудата.