Мбапе доби едно од најголемите понижувања

585
epa11618227 Real Madrid's Kylian Mbappe blows air during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and RCD Espanyol, in Madrid, Spain, 21 September 2024. EPA-EFE/KIKO HUESCA

Доаѓањето на Килијан Мбапе во редовите на Реал (М) не помина без многу коментари, но ниту адаптацијата на Французинот во новиот клуб не помина баш најдобро.

Во дресот на Реал (М) оваа сезона одигра вкупно 15 натпревари на кои постигна осум гола и забележа две асистенции. Статистиката за голови не е толку лоша, но повеќето се согласуваат дека ова не е вистинскиот Мбапе.

Пред неколку дена Французинот доби неколку „отровни“ стрели од Бразилецот Леонардо, кој беше директор на ПСЖ додека Мбабе настапуваше за парижаните, а таа позиција ја напушти во 2020 година.

Леонардо призна дека имало понуди за Мбапе додека бил во клубот и дека не разбира зошто се кренала толкава врева околу сето тоа.

„Никогаш не бев против заминувањето на Мбапе. Уште повеќе, бев и против продолжување на договорот“, призна Леонардо и додаде:

„Сè беше направено лошо и по лош принцип, Мбапе требаше да биде продаден веќе во 2020 година кога пристигна првата понуда од Реал“.

Овие зборови сигурно нема да му се допаднат на Мбапе, а ќе болат многу, но Леонардо не застана и со уште една изјава му го зададе последниот удар на францускиот ас.

„Која институција пропадна без важни играчи? Ако изгубите добар играч, ќе биде малку лошо, но никој нема да се распадне поради тоа. Сите се опоравуваат многу брзо, фудбалерот не може да биде поголем од клубот“, додаде Леонардо.

Очигледно Мбапе оставил и многу сметки кои не се целосно чисти во Париз и се чини дека полека излегуваат на виделина. Иако одигра катастрофално лошо против Барселона и Милан, клубот и понатаму има целосна доверба во француската ѕвезда и веруваат дека неговото доведување на крајот ќе се исплати.