Мбапе влече потези со кои може да си ја уништи кариерата

120
epa11618227 Real Madrid's Kylian Mbappe blows air during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and RCD Espanyol, in Madrid, Spain, 21 September 2024. EPA-EFE/KIKO HUESCA

Репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе минува низ многу тежок период од кариерата. Иако се уште изгледа феноменално на теренот, тој се соочува со голем број проблеми кои исто така ја загрижија управата на шпанскиот гигант Реал (М).

Познатиот новинар Ромен Молина наведува дека Французинот во моментов многу повеќе го привлекува излегувањето и пиењето, што предизвикува сериозна загриженост во Мадрид.

„На Килијан Мбапе не му оди многу добро од психичка гледна точка. Излегува многу и консумира големи количини алкохол“, тврди Ромен Молина.

Оваа информација доаѓа откако француската ѕвезда беше обвинета за силување во Шведска. Полицијата покрена истрага, а Мбапе зборуваше преку адвокат.

Во реакцијата која беше објавена, адвокатите тврдат дека Килијан никогаш не е сам во општеството и дека тоа ги прави обвинувањата смешни.

“Обвинувања за силување? Тој никогаш не е сам. Никогаш не се става во ситуации кои се ризични за него. Тоа целосно го исклучува фактот дека тој би можел да биде вмешан во такво нешто. Килијан е запрепастен од она што го гледа во медиумите. Тој не разбира за што би можел да биде обвинет“, се вели во изјавата на адвокатот.

На крајот на краиштата, раководството на Реал (М) наводно свикало кризен состанок на кој разговарале за ситуацијата со Мбапе и што ќе направат доколку ситуацијата со обвинувањата се влоши.

Од друга страна, фудбалерот е убеден дека неговиот поранешен клуб ПСЖ на чело со Насер Ал Хеалифи стои зад се. Целта е да се оцрни неговиот углед поради судскиот спор кој го водат, а во кој Мбапе бара исплата на нешто повеќе од 50 милиони евра.

Нивната конфронтација очигледно отиде чекор подалеку. Француската ѕвезда навреди погрешни луѓе и сега ќе мора да се справи со некои последици.