Од почетокот на оваа година, само Демократска Република Конго има пријавено 15.600 случаи на инфекција и 537 смртни случаи од мајмунски сипаници.
Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат во три години, откако вирусот се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.
Сепак, попладнево пристигна вест за првиот случај на мајмунски сипаници надвор од Африка – Шведска потврди дека забележала еден случај.