epa11554627 Former heavyweight boxing champion Mike Tyson (L) and YouTuber and professional boxer Jake Paul come face to face during a pre-fight press conference at the Javits Center in New York, New York, USA, 18 August 2024. The Tyson Paul heavyweight bout will be held at the AT&T Stadium in Arlington, Texas on 15 November 2024. EPA-EFE/Peter Foley

Еден од најголемите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, навистина се враќа во рингот, и тоа на 58-годишна возраст. Сите мислеа дека неговата професионална борба против многу помладиот Џејк Пол ќе биде откажана и дека тоа е само маркетиншки трик, но веќе сè е подготвено за спектаклот што нè очекува ноќта меѓу 15 и 16 ноември, во Тексас, спонзориран од стриминг платформа „Нетфликс“.

Ниту разликата од три децении не го плаши Мајк Тајсон, кој вели дека никогаш не бил подобар. Железниот Мајк објаснува дека поминува шест часа дневно на тренинзи, дека не бил во ваква форма од деведесеттите и се чини дека борбата што го очекува против Пол е само една во серијата. Далеку од тоа дека ќе се пензионира по борбата со познатиот јутјубер, кој неочекувано влезе во боксерскиот ринг и покажа дека е опасен. Ова е само „загревање“.

– Небото е граница за мене. Ми понудија други борби, да бидам искрен. Никогаш не сум кажал никому, но ми понудија нешто друго – рече Мајк Тајсон во поткастот „Pound 4 Pound“, најавувајќи дека ќе се бори само во следните неколку години за да гледа во рингот, што е навистина зачудувачки.

Мајк Тајсон, кој нема професионална борба веќе две децении, но цени дека е подготвен за предизвикот, додаде:

– Слушајте, ме претепаа во мојата последна професионална борба (од Кевин Мекбрајд, во 2005 година, уред.). Загубив и бев претепан. Некое време не се борев. Закрепнав и сакам повторно да играм на високо ниво. Не мора да престанете да го правите она што го сакате.

Тајсон и Пол требаше да се борат во јули, на стадионот на НФЛ-тимот Далас каубојс, потоа „Нетфикс“ понуди големи пари, но беше одложено за ноември, поради проблемот со чирот што го имаше Железниот. Нему му требаше малку време да се вразуми и повторно да почне да тренира и сега истакнува дека е подготвен.

Натпреварот вообичаено се води како професионален, а не аматерски. Одлучено е Пол и Тајсон да се борат најмногу осум рунди од по две минути, со носење на нешто поголеми ракавици.

Многумина се загрижени за здравјето на Мајк Тајсон, бидејќи не е природно некој да се бори професионално на таа возраст, а дали ќе се одрази тоа на неговото здравје, останува да видиме. Ако го победи Пол, тоа само ќе му „даде нов живот“ и ќе го натера, како што вели, да продолжи да се бори.